Ако сте суеверни тогаш овие работи никако не ги правете денес

Сигурно досега ве предупредиле дека треба да внимавате црна мачка да не ви го пресече патот, да не поминувате под скала и да не кршите огледала, особено не денеска, на петок 13-ти.

Овој ден, наводно е еден од најнесреќните денови во годината. Можеби сте суеверни, можеби не, но сепак не ги правете овие работи денеска, за секој случај, и сигурни сме дека нема да ви се случи ништо лошо:

Не преминувајте улица без да погледнете лево и десно, по можност на пешачки премин, чекајте зелено светло, а ако сте зад воланот не заборавајте да пропуштате пешаци.

 Не го „позајмувајте“ сендвичот на колешката од фрижидерот на работа или кафето на колегата од фиока.

 Не влегувајте во локалната пекара намрштени, лошо расположени и без насмевка. Поздравете ја вработената и посакајте ѝ убав ден.

 Не возете со телефонот во рака. Посебно не во десна.

 Не се расправајте од сабајле со партнерот/партнерката, цимерот/цимерката. Не излегувајте од дома додека не си посакате убав ден.

 Не држете лутина. Не заборавајте, од утре е викенд, опуштете се.

 Не дремете на социјални мрежи, фатете се за работа. Не излегувајте од канцеларија додека не ги завршите сите обврски за оваа недела.

 

 

 

 

13.10.2017 - 09:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа