Братот на обвинет во „Монтрум“: Да се објави разговорот со Бејта, и нам не ни е лесно

Иако денеска беше откажано рочиштето за Монструм, родителите на убиениот Александар пред судиите имаа потресно сведоштво во кое побараа да се реши случајот и рекоа дека треба обвинетите да се плашат од солзите на нивните деца.

Бејди Ајдари побара јавно да се објават снимките од разговорите меѓу брат му Фејзи Азири и ексградоначалникот на Гостивар, Невзат Бејта.

- „Посочи дека возилото ‘опел омега’ не е тоа чија слика е ставена на интернет, а исто така дека тој автомобил не е на „алфите“, туку на друга личност. Ако се сеќавате, јас не сум изјавил дека тој автомобил е на „алфите“. Сосема трето лице, односно Македонец е тој што изјавил дека автомобилот е на „алфите“ и дека бил приведен со него. Ако не е тоа- тоа, зошто претходниот суд не им го достави тоа како доказ на обвинетите? Зошто се крие автомобилот? Тоа е јасно. Горан Наќевски не се потруди да ја презентира сликата од разузнавачот. Чиј телефон бил тој, какви разговори имало, бидејќи, како што велеше, воделе паралелна истрага. Ни нам не ни е лесно“, вели Бејди Ајдари, брат на обвинетиот Фејзи Азири, кој не дојде на денешното рочиште, пренесе Макфакс.

Ајдари прашува по кој основ СЈО го презел случајот „Монструм“.

Рочиштето е одложено за 15 мај.

 

 

 

17.04.2018 - 12:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа