Детали за земјотресот попладнево- се тресеше и Скопје

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес, во 12 часот и 44 минути регистрира земјотрес кој потекнува од скопското епицентрално подрачје.

Неговиот епицентар се наоѓа на 5км  западно од централното подрачје на град Скопје. Граѓаните на Скопје, претежно на западниот дел од градот го почувствуваа овој земјотрес со интензитет III-IV степени според Европската Макросеизмичка Скала.

 

 

 

15.07.2017 - 15:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа