Дијабетичарите во Македонија ќе бараат кривична одговорност за неквалитетни и фалсификат инсулини

Болните од дијабетес бараат Агенцијата за лекови да каже од каде се набавува инсулинот, дали гарантира за неговата безбедност и каде е испитуван инсулинот што го користат пациентите во Македонија, а ќе бараат и морална и кривична одговорност.

- „Секое одлоговлекување и релативизирање на проблемот, за нас ќе бидат повеќе од јасен одговор, по што ќе бараме прецизна морална и кривична одговорност. Оти овде се работи за живот“, велат Од „Баланс МК“, пренесе Сакамдакажам.

Реакцијата доаѓа по изјавите од Агенцијата за лекови дека направила вонредна контрола на инсулините што се користат во земјават и дека затоа доцнела половина месец доставата на лекови.

- „Агенцијата за лекови по подолг период се одзва на барањето на дијабетичарите да ги провери инсулините кои се користат во земјава, барем така јавно соопшти директорот на агенцијата, Роберт Бекироски. Тој кажа дека токму оваа вонредна контрола на инсулините била причината, или оправдување, зошто имаме полумесечна криза за инсулин, од кој се зависни 40.000 пациенти. Бараме Агенцијата за лекови детално и јавно да каже што покажа оваа вонредна контрола“, велат членовите на „Баланс МК“.

 

 

 

12.10.2017 - 10:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа