Димитров: Опозицијата да се вклучи во процесот на решавање на името

Неучеството во процесот за решавање на името е фрапантно бегање од одговорност, без разлика дали сте дел од власта или од опозицијата, изјави шефот на македонската дипломатија Никола Димитров синоќа за ТВ 21. 

Тој побара опозицијата да се вклучи во работата бидејќи тоа според него е нејзината должност.

 Тој се осврна на средбите во грција и откри што се очекува од медијаторот Нимиц.

- Факт е дека меѓу нас има уште разлики и ќе видиме дали ќе биде можно тие разлики да ги надминеме. Многу е важно за Грција да има појасна дистинкција меѓу државата Македонија и регионот Македонија во Грција. За нас е многу важно да нема никаков сомнеж во идентитетските прашања и многу е важно да најдеме достоинствен начин, изјави синоќа министерот, додавајќи дека површните фрази од типот „Го браниме името“ не соодветствуваат со реалноста.

Според него предлогот на Нимиц нема да биде Земи или остави, туку предмет на консултации.

 

 

 

13.01.2018 - 15:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа