Драматична снимка: Севернокорејски дезертер бега кон Јужна Кореја (видео)

Обединетите нации денеска објавија драматично видео од бегство на севернокорејски дезертер кој преку границата на Јужна Кореја пробува да избега.

Тој е нападнат со огнени истрели од севернокорејската војска, додека јужнокорејската се обидува да му помогне.

Севернокрејскиот војник на видеото се забележува како бега со возило, додека го бркаат луѓето од армијата на Ким Јонг Ун.

Јужнокорејските војници во меѓувреме му помагаат.

Командата на ОН соопшти дека со ова Северна Кореја го прекршила договорот за примирје со кој заврши Корејската војна.

Повредениот војник бил пренесен во болница каде што бил опериран.

 

 

 

22.11.2017 - 11:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа