Двајцата претседатели на Беса на одделни средби со британскиот амбасадор Гарет

Претседателите на поделената Беса, Билал Касами и Африм Гаши, остварија одделни средби со  амбасадорот на Обединетото Кралство, неговата екселенција Чарлс Гaрет, кого го информирале за политичките процеси кај нас.

- „Претседателот Касами на овој состанок го искажа својот став за спорот за името со Грција наведувајќи дека оваа е еден од клучните периоди во последните 20 години ова прашање да се реши и Република Македонија и формално да стане полноправна членка на НАТО затоа што ова е единствена алтернатива што ни носи просперитет, безбедност и економски развој“, соопшти партискиот кабинет на Касами, пренесе Макфакс.

Во врска со средбата што Гаши ја остварил со Гарет, другото крило на Беса соопшти дека двајцата соговорници разговарале за политичката ситуација низ која поминува Македонија.

- „На оваа средба претседателот Гаши ја нагласи конструктивната улога што ја имаше Движењето Беса во целиот овој политички процес, која беше во функција на стабилизацијата на земјата и евро-атлантската агенда. Исто така, претседателот Гаши нагласи дека Беса ќе продолжи постојано да придонесува за благосостојбата на граѓаните и аспирациите за зачленување во НАТО и ЕУ“, соопшти разгранокот на Гаши.

 

 

 

17.04.2018 - 15:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа