Ѝ се слошило среде улица и паднала - жена починала на лице место во Тетово

Вчера попладне во СВР Тетово од Интерно Одделение при Клиничка болница Тетово е пријавено дека кај нив била донесена почината 60-годишната Ц.К. од Тетово.

Од извршените проверки утврдено е дека на починатата, движејќи се пеш по улица "Ѓорче Петров", и се слошило и паднала на тротоарот. Од страна на минувачи дадена и е помош, но истата не давала знаци на живот. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатата е дадено на обдукција.

 

 

 

12.08.2017 - 14:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа