Именуван нов претседател на Комората на извршители

 

Извршителот Зоран Димов, именуван за подрачјето на Основен суд Скопје 1 Скопје и Основен суд Скопје 2 Скопје, е нов претседател на Комората на извршители на Република Македонија (КИРМ).

Од Комората информираат дека Димов е избран за претседател на вонредно Собрание на КИРМ, одржано на 10-ти овој месец.

Досегашниот претседател на Комората Зоран Петрески во август годинава поднесе оставка од функцијата од лични причини. 

 

 

 

13.10.2017 - 11:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа