Иванова: Мицкоски да објасни за сомнителните договори додека тој бил директор на ЕЛЕМ

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, не треба да се крие зад социјалните мрежи туку јавно да излезе пред граѓаните и да одговори на сите прашања кои се однесуваат на периодот кога тој раководел со ЕЛЕМ, изјави денеска Михаела Иванова од Социјал-демократската младина на Македонија, во изјава дадена пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

„Од оваа државна компанија вчера соопштија дека веднаш откако Мицкоски стапил на функцијата директор, АД ЕЛЕМ склучило договор преку непосредна спогодба, со две компании, во вредност од 10,5 милиони евра. Мицкоски е должен да објасни пред јавноста за овој договор односно зошто цената за ископ во овие договори е повисока од сегашната цена за ископ и дали Мицкоски бил дел од некои сомнителни шеми, по налог на Никола Груевски“, запраша Иванова.

Таа исто така додаде дека наместо да се заканува со тужби, лидерот на опозициската партија треба да одговори зошто не им исплатил К-15 на вработените во АД ЕЛЕМ за 2017 година.

 

 

 

16.04.2018 - 15:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа