Јелена Карлеуша откри што мисли за разголените фотографии на Дара Бубамара на социјалните мрежи

На Дара Бубамара неодамна ѝ беше исклучен инстаграм-профилот поради разголените фотографии, а целиот случај го прокоментира и нејзината колешка Јелена Карлеуша.

„На мојата Радојка ѝ го исклучиле Инстаграмот? Зошто? Па мене во тој случај (поради разголените фотографии) ќе ми ги исклучат и Твитер и Фејсбук. Во целост. Кои разголени фотографии? Нема таа такви фотографии “, изјави Карлеуша.

Карлеуша на шега изјави дека ја следи Дара на Инстаграм и дека е редовна во тоа, а потоа додаде:

„Јас сум видела и многу поразголени јавни личности на кои ништо не им исклучиле. Правда за Радојка, се разбира“, заклучи Карлеуша.

Изјавата на Јелена Карлеуша можете да ја погледнете од 3:47 минути на снимката:

 

 

 

 

 

13.09.2017 - 16:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа