Лавина го блокира патот Маврово-Дебар, сообраќајот е во прекин

Поради лавина на патот, сообраќајот на патниот правец Маврово – Дебар целосно е во прекин, информира АМСМ.

Според најновите информации, забрана за патнички возила е воведена на планинскиот премин Ѓавато.

Забраната за тешки товарни возила и автобуси уште е на сила на патниот правец Тетово – Попова Шапка. Забрана за тешки товарни возила има и на патните правци Струга – граничен премин Ќафасан, крак Маврово – Дебар, крак Стража – с. Колари и обратно, како и на планинските премини Пресека, Буково и Ѓавато.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози. Врнежи од снег има во Тетово, Попова Шапка, Гостивар, Стража, Маврово, Прилеп, Охрид, Струга, Ресен, Крушево, Кичево, М.Брод, Буково, Ѓавато, Плетвар, Пресека и Железнец.

Поради појава на магла видливоста е намалена до 100 метри на планинскиот премин Стража.

 

 

 

13.02.2018 - 18:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа