Нема шега: Уапсение над 20 парови кои го славеле „Денот на заљубените“

Неколку градови во Индонезија забранија прослава на „Денот на заљубените“, а полицијата „лов на заљубените“ спровела во повеќе градови од земјата.

Во рација по хотелите, во градот Срабаји, втор по големина во Индонезија, полицијата уапсила повеќе од 20 парови осомничени дека ја прекршуваат забраната за славење на овој празник.

На туристичкиот остров Ломбок, кај Бали, властите на градот наредиле полицијата да ги провери дури и училиштата и да ги открие учениците кои го прекршуваат овој закон.

Во хотелите и кафулињата на овој остров сепак се дозволени забави на тема „Денот на заљубените“.

 

 

 

14.02.2018 - 20:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа