Ова е причината зошто луѓето ги затвораат очите додека се бакнуваат

Статистиката вели дека дури шеесет проценти од луѓето ги затвораат очите кога се бакнуваат, а многумина тоа го прават и додека водат љубов. Дали и вие спаѓате меѓу нив?

Кога уживаме во бакнежите со саканата личност, доаѓа до чудно преоптоварување, па затворање на очите е начин да се намали напнатоста. Исто така, кога се бакнуваме, но и за време на сексот, затворањето на очите може да значи дека навистина уживаме во моментот и се обидуваме да се сконцентрираме на секој допир, нежност и целосно да се препуштиме на партнерот.

Но кога некој ги затвора очите додека води љубов, тоа може да значи и дека, поради некоја причина, тоа му е непријатно – дека нешто не му одговара во целосната „акција”, дека не се чувствува пријатно во своето тело, тека се срами, но и дека не размислува за она што се случува, туку за нешто сосема друго.

Затоа, кога следниот пат ќе водите љубов и ќе ги затворите очите, нека биде тоа израз на вистинско уживање.

 

 

 

24.09.2017 - 21:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа