Ова е првиот град во Холандија во кој се воведе забрана за конзумирање на мархуана

Хаг стана првиот холандски град, кој забрани консумирање марихуана во неговите централни делови, кај главната железничка станица и најголемите трговски зони на градот.  

Флаерите за забрана ќе бидат дистрибуирани по кафулињата во кои се продава марихуана и засолништата за бездомници, со предупредување за казните што ќе следуваат за оние кои ќе ја прекршат забраната.

Во хотелите пак ќе бидат достапни флаери на англиски јазик.

Марихуана се продава во 573 кафулиња во 103 од 380 општини во Холандија, вклучувајќи го и Хаг.

Портпаролот на градоначалничката на Хаг, Паулине Крике изјави дека забраната дошла по многуте жалби на жителите и посетителите поради силниот мирис на марихуаната и вревата на оние кои ја употребуваат. 

Амстердам забрани употреба на марихуана во близина на училишта и паркови за деца, а Ротердам само во близина на училиштата. 

 

 

 

17.04.2018 - 15:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа