Постојат пет видови изневерување - проверете дали сте згрешиле

Експертите велат дека постојат пет основни видови на неверство на партнерот.

Експертите за врски отидоа чекор понапред во анализите на “видовите” и нивоата на изневерување, наведувајќи дека постојат пет основни видови на неверство на партнерот.

Фантазирање за друга личност
Оваа изневерување не ниту физичко, ниту емотивно, туку се случува кога размислуваме за друга личност, почнуваме да фантазираме за неа или си замислуваме како би ни било кога би биле заедно.

Неверство за една ноќ
Се случува непланирано, како физичка работа, еднаш и обично не се повторува, туку едноставно “се случува” како грешка која нема да си ја дозволиме повторно.

Емоционално
Ова се случува кога платонската љубов кон некого за кого фантазираме станува посилна, поинтензивна, а ние и понатака сме во врска со нашиот стар партнер. Може да биде опасно ако емоциите кон симпатијата продолжуваат да растат.

Повеќекратно неверство
Неверството е физичко и емотивно, ние го изневеруваме партнерот со личност која силно нè привлекува во секоја смисла и се вљубуваме во неа. Ова е пример за “седење на две столчиња”.

 Афера
Не само што изневеруваме, туку тоа го продолжуваме и кога партнерот ќе дознае. Толку многу сме ја изгубиле главата или сме толку несовесни што не не интересира што го повредуваме партнерот и го исмеваме.

 

 

 

22.11.2017 - 18:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа