Познатата српска водителка претепана од обезбедување

Водителката Ана Михајловски добила ќотек минатата недела во еден од белградските сплавови.

Таа со својата сестра и пријателите дошла во клубот за да прослават роденден на една од пријателките, но ноќната забава завршила со искубана коса и модринки.

За време на забавата Михајловски, како што пишуваат српските медиуми, се качила на сепарето за да игра, по што дошол еден од обезбедувањето и и рекол дека мора да се симне и нормално да седне.

-Кога момчето и рече да се симне, таа му врати „Ало, не ме пипкај“. Тоа го изнервира, па ја фати за коса и ја турна на столчето. Дојдоа и други од обезбедувањето и почнаа расправија со Михајловски и нејзините другарки. По жестоката расправија, Ана ја фатија за врат и ја фрлија на маса. Ја фатија потоа околу половината и ја исфрлија од сплавот, вели извор за српски Информер кој се нашол на местото и додава дека била малку под дејството на алкохол, но обезбедување имало прегруб однос со неа.

Водителката потврдила дека се случил инцидент, но не открива детали.

 

 

 

 

12.08.2017 - 11:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа