Прилепчанец отишол по јадење: Го претепале и му го запалиле возилото

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против 26-годишниот Д.В. и 21-годишниот Б.Ј. од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“.

Завчера во 01.00 часот оштетениот Л.П. со неговиот другар со патничко возило ,,Пежо 306“ со прилепски регистарски ознаки се паркирале пред продавница на улицата „Марксова“ за да купат јадење. Во еден момент до него се доближило возило ,,Ауди 3 “ со прилепски регистарски ознаки, во кое биле пријавените. Д.В. без никакво предупредување му удрил шамар на оштетениот.

Во тој момент, П.Л. му се извинил ако му има направено нешто лошо и им рекол дека не ги познава, но Д.В. и Б.Ј. се нафрлиле на него и го удриле по грбот и рамото. П.Л. се обидел да им побегне, а пријавените го стасале набргу и почнале да го удираат со тупаници, при што му нанеле тешки телесни повреди. По кратка борба оштетениот успеал да избега, а пријавените зеле еден клуч за тркала и една пумпа и со тие предмети почнале да го кршат возилото на оштетениот.

После тоа, Д.В. го зел возилото на П.Л. ,,Пежо“ и заминал на автопатот за Битола, каде што со запалива течност го запалил и тоа изгорело целосно. Со извршеното дело Д.В. и Б.Ј. предизвикале материјална штета од 90.000 денари.

 

 

 

13.01.2018 - 12:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа