Прилепско Стровија отсечено од цивилизацијата - децата на училиште можат само со хеликоптер

Мештаните на прилепското село Стровија се целосно отсечени од цивилизацијата откако по вторпат во рок од три дена, се урна мостот кој е единствен регионален пат што го поврзува селото со Општина Долнени и градот Прилеп.

Како што објаснуваат жителите за порталот Плусинфо, мостот првпат се срушил минатата недела, но општинската механизација успеала да пронајде повремено решение. Но, мостот сега повторно се урна и преку него не може да се помине ниту пеш  иту со возило. Голем проблем е тоа што децата од селото Стровија не можат да одат на училиште, бидејќи најблиското училиште се наоѓа во селото Ропотово, но поради срушениот мост децата не можат да стигнат до него. Надлежните тврдат дека наскоро ќе се пронајде решение и штетата ќе биде санирана.

 

 

 

14.02.2018 - 23:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа