Продавале дрога на малолетници преку Фејсбук: Меѓу уапсените и дете од 14 години

Тужителите на мексиканската сојузна држава Сонор соопштиле дека 9 лица се уапсени поради сомнеж дека нуделе дрога на малолетници преку Фејсбук и други апликации за допишување.

Наведено е дека се уапсени осум момчиња, на возраст од 20 до 23 години, како и едно 14 годишно момче, пренесува АП.

Тужителите наведуваат дека успсените им продавале на малолетниците марихуана и метамфетамин, а по пат на апликациите преку кои се допишувале ги делеле своите ценовници.

Потенцијалните купци одговарале на поракате и така се договарале за примопредајата на нелегалните супстанци.

 

 

 

13.02.2018 - 11:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа