Пронајдена нова ДНК - биолошкиот траг врз телото на Јелена и припаѓа на една личност

Пејачката Јелена Марјановиќ на насипот Борчи била убиена од тројца мажи. До овој заклучок дошле инспекторите и форензичарите ангажирани во истрагата, бидејќи на нејзиното тело се пронајдени три машки ДНК траги. Како што пишува српскиот портал Информер, ова е најголемата тајна која обвинителството и полицијата ја кријат повеќе од една година.

Како што се открива, еден од ДНК трагите му припаѓа на уапсениот Зоран Марјановиќ, друг му припаѓа на маж чиј идентитет не е утврден, а треиот на целосно непознат човек.

Изворот од трагата открива дека трагите од ДНК анализита од телото на Јелена, долната облека и на нејзината глава, покажуваат идентитет на тројца нови личности.

ДНК траг од Зоран е пронајдено на нејзината долна облека, мобилниот телефон и главата, а на основа на последната трага е и уапсен.

Идентитето на другите двајца мажи се чува во строга тајност.

Иако Зоран е единствениот уапсен, сѐ наведува на тоа дека убиството не можел да го направи сам.

 

 

 

12.10.2017 - 11:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа