Раул: Победивме квалитетни ривали, со Германија одиме максимално до крај

 
Селекторот на Македонија, Раул Гонзалес на денешната прес-конференција ги искажа очекувањата за претстојниот дуел со Германија во рамките на 3.коло од Ц-групата на Европското првенство во Хрватска.

– Победивме квалитетни ривали Словенија и Црна Гора. Задоволен и среќен сум што двата дуела ги решивме во последните минути. Сега за сега сите се добри, но ќе знаеме како е кога ќе бидеме на тренинг попладнево. Секако дека добро ќе се подготвиме за Германија тоа е селекција која има најмногу квалитет и да игра во полуфиналето. Треба да играме до крај и само така ќе стигнеме до посакуваниот резултат- рекол Раул.

Натпреварот ќе се одигра утре во 18 часот и 15 минути.

 

 

 

 

16.01.2018 - 14:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа