Се обидел да сокрие, но го фатиле на дело - полицијата упадна во куќа во Кичево

Во домот на 49-годишниот С.Ѓ. од Кичево синоќа упаднала полиција, по наредба од Основен суд –Кичево.

Извршен е претрес во неговата куќа, при што бил забележан неговиот син Ј.Ѓ. како во патничко моторно возило „Чироки“ со кичевски регистарки ознаки, става огнено оружје.

Од страна на полициските службеници  извршен е преглед во возилото, при што пронајдени и одземени се: три пиштоли, една автоматска пушка, една полуавтоматска пушка, ловна и воздушна пушка, рачна бомба, една граната за светлосен сигнал, една звучна граната, топовски удар, повеќе оквири за автоматска и пиштолска муниција и околу 270 парчиња пиштолска и автоматска муниција.

Ј.Ѓ. е лишен од слобода и однесен во Полициската станица -Кичево , а од страна на Судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена.

 

 

 

13.01.2018 - 12:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа