„Џонсон контролс“ објави оглас за вработување во новата фабрика

Бизнис | 3. септември 2011 - 14:44
Компанијата „Џонсон контролс“, која вчера ја ја најави изградбата на втората фабрика во Македонија, денеска објави оглас за вработување на лица кои ќе бидат ангажирани во неа.

Компанијата бара стручни лица во процесот, како инженери за шиење, за кроење, инжинери за компјутерски потпомогнато дизајнирање, тим лидери на производна линија, електромеханичари, ревизори за квалитет, проект асистен, како и искусни оператори за шиење.

Во фабриката во Технолошко индустриската зона кај Штип, според најавите треба да се вработат околу 1.400 лица. Фабриката е наменета за тапацир за автомобилски седишта. Почетокот на изградбата на се очекува на средината на наредниот месец, а со работа да почне за една година. Производите ќе бидат наменети за нивни европски клиенти.

Инвестицијата се проценува на околу 20 милиони евра.