ДИК ќе го утврди редоследот на листите за локалните избори

Македонија | 24. февруари 2013 - 11:44
ДИК денеска ќе го одржи жребувањето за утврдување на единствената листа на кандидати за градоначалници и членови на советите на општините и на Градот Скопје.

Општинските изборни комисии утврдените единствени листи ќе ги огласат најдоцна 25 дена пред денот определен за одржување на изборите, односно на 26 февруари до сите населени места и на избирачките места во општината, односно во Градот Скопје. Утврдените листи на кандидати во општините во кои најмалку 20 проценти од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот се објавуваат покрај на македонски и неговото кирилско писмо и службениот јазик и писмо што го употребуваат граѓаните во таа општина.

ДИК во печатените медиуми и другите средства за јавно информирање веќе ги објави описите на избирачките места.

ДИК ќе го заклучи избирачкиот список во кој се извршени сите промени кои произлегле од јавниот увид отпечатен во вид на изводи. ДИК го потпишува заклучениот избирачки список, односно изводите од избирачкиот список на кој се гласа најдоцна 15 дена пред денот на одржување на изборите, односно на 8 март на полноќ.

До 8 март треба да заврши и задолжителната едукација на членовите на општинските изборни комисии, а од 1 до 21 март општинските изборни комисии ќе организираат, вршат и спроведуваат едукација на членовите на избирачките одбори според Планот и Програмата на ДИК.

Изборната кампања започнува 20 дена пред денот на изборите, односно на 4 март на полноќ и завршува на 22 март. Во првиот и вториот круг на гласање кампањата не смее да трае 24 часа пред денот на изборите и на денот на изборите.

Скандал на Златна Бубамара - Калиопи го прекина настапот

ФОТО: Навивачите на МЗТ со порака до политичарите - цело Собрание бел ден да не види

Црвенковски со нов предлог - локални избори на 7 април

Доживотен затвор за полицаецот Трифуновски за двојното убиство во Гостивар

Трифуновски: Не се чувствувам виновен го штитев животот на моето дете

Соња Тарчуловска: Одам во Германија по Јохан

Интервју со Милошоски: Бојкотот ќе биде најсилниот аргумент на Атина во јуни

Струмичанец загина во страотна сообраќајка кај Ново Село

Конечно договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ

Еве што ќе прави СДСМ на денот на изборите

(ВИДЕО) Андреј Петров: И да сака Црвенковски да си замине од СДСМ нема да му дадеме

Пет години се труеме со канцерогено млеко?

ГАЛЕРИЈА: Кога се сликате голи пред огледало помислете дека сликите може да ви завршат тука

Деканот им наредил на студентите да ја гледаат „Сулејман Величенствениот“

ФОТО: Со гол задник навива за Милан

ФОТО: Погледнете каде го чува мобилниот телефон порно-ѕвездата Ванг Ли Дани

ФОТО: Деколте спремно за експлозија

ФОТО: Уловено мистериозно суштество во Њу Џерси

ФОТО: Пејачката Ина се прошета речиси гола на сцената

Хит на денот: Момчево свири на женски задници (ВИДЕО)

ФОТО: Таа има најдобри облини во светот

ФОТО: Катарина Ивановска во топ 10 најсекси девојки во светот

ФОТО: Кога Џеј Ло ќе го крене фустанот

Image and video hosting by TinyPic

тагови: