ГАЛЕРИЈА: Изгаснат пожарот во Трескавец - дваесетмина остануваат цела ноќ кај манастиротМакедонија | 4. февруари 2013 - 23:34
Пожарот во манастирскиот комплекс „Трескавец“ вечерва е изгаснат. Според командирот на прилепската противпожарна единица Станко Колески кој е на теренот, 10-ина пожарникари, исто толку граѓани и полицијата остануваат ноќеска да ја следат ситуацијата. Во големиот пожар што денеска избувна во манастирскиот комплекс околу 14 часот, изгореа конаците, а спасени се црквата „Успение на пресвета Богородица” од 13 век и трпезаријата која датира од 14 век. Во борбата со огнената стихија денеска заедно интервенираа три армиски хелихоптери, армиска единица од прилепската касарна, противпожарната единица од Прилеп, возило од Битола и преку 200 граѓани кои се одзваа на апелот на Центарот за управување со кризи за да помогнат во гаснењето. Прилепчани се потресени од огнената катастрофа зашто манастирот е едно од најпознатите свети и културни места не само за домашните, туку и за странските посетители. Во Прилеп вечерва министерката за култура Елизабета Канческа-Милеска најави дека увид на местото прават стручните екипи на прилепскиот Завод и музеј, а утре ќе биде доставена информација до Владата за потоа да се прави план и проект за обнова на овој споменик на културата со светско реноме. Истрагата ќе покаже како настанал пожарот и колкава е штетата, но според првичните сознанија се појавил во гостинскиот оддел па стихијата ги зафатила монашките простории. Кога избувнал пожарот во манастирот биле искушеникот Калист и еден гостин. За утре во Прилеп се најавени вонредни седници на Општинскиот и на Економскиот совет со цел да се направи план за обнова на манастирските конаци. Пожарот е идентичен со оној од 9 јануари 1990 кога изгореа конаците кои беа обновени со доброволни прилози на прилепчани и на стопански субјекти на државата
ГАЛЕРИЈА: Најсекси македонска пејачка ФОТО: Првата заедничка фотографија на Јохан Тарчуловски со семејството Опозиционерите ќе ги вратат мандатите за да бараат апанажа? Анализа: Во секоја општина независен кандидат одметнат од СДСМ Опозицијата ќе го прифати предлогот на Претседателот Иванов за експертска комисија? Запознајте ја девојката на Претседателот на СМК Тодор Петров ФОТО: Автобус од Втора Светска војна низ улиците на Скопје Сообраќајка на патот Струмица-Валандово - 18 годишно момче го загуби животот Груевски: Не се чепкај Бранко за името! ФОТО: Ќе и стане ли Станија снаа на Цеца? ФОТО: Писмена работа за Гинис - еве што е убаво однесување! Жељу Желев: ЕУ и Грција да ја признаат Македонија под уставно име ФОТО: Карта на етничка Македонија на чек од Македонска Народна Банка стар 80 години ФОТО: Додека кариерата е на пауза Ламбе ужива во Америка ФОТО: Кетрин Зета Џонс „пука“ и на 43 години ФОТО: Џесика Алба е едноставно прекрасна ФОТО: Поглед на Скопје од кој застанува здивот ФОТО: Стефани Радевска е зимската убавица на Македонија ФОТО: И се скина фустанот пред очите на целата јавност |