Зголемување на пенис без операција

Забава | 19. април 2011 - 17:45
Голем број мажи во светот бараат совет од уролог поради проблеми со „малиот пенис“, иако поголем дел од нив имаат полов орган со нормална големина, тврдат двајца италијански истражувачи во напис објавен во списанието „Британско друштво на уролози“.

Марко Одерда и Паоло Гонтеро од Универзитетот во Торино извршиле анализа на најновите хируршки и нехируршки техники за зголемување на машкиот полов орган со цел да ја утврдат нивната ефикасност и безбедност.

Тие дошле до заклучок дека некои нехируршки методи навистина се ефикасни, додека други само предизвикуваат болка и разочарување. Хируршките методи може да бидат опасни и покажуваат неприфатливо висок степен на компликации.

Од неагресивните методи како најефикасен се покажале „пенисните екстендери“ кои овозможуваат просечно зголемување од 1,8 до 2,3 сантиметри.

Сепак, овие дополнителни санатиметри се резултат на макотрпна терапија. Потребно е да се издржи четири до шест часа истегнување на ден во период од четири до шест месеци.

Друг уред, познат како „пенисна пумпа“, кој ги продолжува фалусот со помош на вакум, не се покажал како ефикасен иако кај некои пациенти обезбедил одредена доза на психолошка сатисфакција.

Скроталните прстени, крути или еластични ленти кои се ставаат околу коренот на тестисите и пенисот можат да помогнат во зголемување на пенисот и да одржат ерекција кај мажите кои боелдуваат од анксиозност, истакнуваат италијанските истражувачи, сепак нагалсувајќи дека евалуацијата е извршена на само два случаи.

Според Одерда и Гонтеро, вежбите за издолжување на пенисот не покажале никакви резултати.

Должината на машкиот полов орган мерен од горната страна се смета за нормална доколку достигнува најмалку четири сантиметри во опуштена, а 7,5 сантиметри во ерективна состојба.