Страв и ужас во Калифорнија: Родителите држеле 13 деца на ланци во подрум

Полицијата во американската држава Калифорнија пронашла 12 браќа и сестри, на возраст од 2 до 29 години, кои родителите ги држеле затворени и врзани со ланци во подрум.

Полицијата спровела акција по дојавата која ја добила од 13-тата жртва, една од сестрите која успеала да побегне од подрумот на семејната куќа во Периш, во округот Риверсајд, југоисточно од Лос Анџелес. 

Родителите на 13-те жртви, 57-годишниот Дејвид и 49-годишната Луиза се уапсени.

Жртвите се пронајдени ненахранети и во нехигиенски услови. Делувало дека сите се помлади од 18 години, но подоцна било утврдено дека седум од нив биле полнолетни.

 

Како што наведуваат медиумите, Дејвид Тарпин е директор на едно приватно училиште во Периш.Брачниот пар, пред да се досели во Калифорнија во 2010. година, живеел во американската држава Тексас.

 

Истрагата за случајот е во тек.

 

 

 

16.01.2018 - 12:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа