Тажно: После ова видео уште еднаш ќе размислите пред да користите пластични кеси

Гледачите на документарниот програм на Би-Би-Си „Сина планета“ не можеа да ги задржат солзите после епизодата во која е прикажано како женка кит го носи своето мртво младо, за чија смрт се одговорни луѓето.

Водителот Дејвид Атенборору предупреди дека секоја година „фрламе осум милиони тони пластика во морето“ и дека поради тоа погинуваат голем број на суштества.

Дејвид кажа: „Оваа мајка го носи своето новороденче, но и таа е мртва.“

Потоа продолжи да објаснува како пластиката се разградува и станува отровна, што ја прави „смртоносна“ за многубројните морски животни, како овие китови. Младото на црниот кит најверојатно се отруло преку контаминираното мајчино млеко.

Дејвид кажа: „Црните китови големи мозоци и секако чувствуваат емоции. Со оглед на однесување на пораснатите единки, губитокот на бебето влијаел на целото семејство“, кажа тој.

Гледачите на „Сина планета“ биле очајни поради лошите ефекти од фрлање на пластика во морето.

Една гледачка кажа: „Мораме веќе да го прекинеме ова.“

Друг гледач низ солзи додаде: „Најважната работа која некад сум ја видел, мајката кит која носи мртво бебе ме наведе да плачам како бебе, но сфатив дека мора нешто да направи околу ова.“

 

 

 

22.11.2017 - 18:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа