Трагедија во светот - се урна воен авион, загина пилот

Едно лице загина денеска откако воен авион се урна во Шпанија, кој претходно учествуваше на парада во Мадрид по повод националниот празник, соопшти шпанското Министерство за одбрана.

– Можам да потврдам дека авионот се урна, изјави портпаролка на Министерството.

Локалните медиуми наведуваат дека авионот паднал во близина на воена база во Албасет, 300 километри југоисточно од Мадрид.

Шпанското Министерство за одбрана соопшти дека станува збор за борбен авион и дека пилотот загинал.

Воени трупи и полиција денеска маршираа по улиците на Мадрид по повод националниот празник Колумбов ден, во Шпанија познат како Ден на шпанството (Día de la Hispanidad).

 

 

 

12.10.2017 - 16:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа