Трамп донираше дел од платата: Даде 100.000 долари за ова

Претседателот Доналд Трамп денеска ја донираше својата плата за четвртото тромесечје од 2017 година за Министерството за сообраќај, со цел да помогн во обнова на инфраструктурата во земјата.

Министерката за сообраќај Елејн Чао го прифатила чекот во износ од 100.000 долари. Донацијата е извршена денеска, по што Трамп го изнел планот за обнова на запуштените патишта и мостови.

Министерството соопштило дека средствата ќе бидат искористени во програмот кој се занимава со клучни инфраструктурни проекти.

 

 

 

14.02.2018 - 21:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа