Туск: Да зајакне врската на ЕУ со Западен Блакан и меѓу државите од регионот

Наша цел е зајакнување на врската меѓу ЕУ и Западен Балкан, како и јакнење на врските меѓу самите држави од регионот, изјави денеска претседателот на Европскиот совет Доналд Туск по средбата со австрискиот канцелар Себастијан Курц во Виена.

- Разговаравме за самиот на ЕУ и Западен Балкан, што ќе се одржи во мај во Софија, чија цел е јакнење на врската, како со регионот така и внатре во регионот. Тоа се однесува на повеќе инвестиции во транспортната инфраструктура, јакнење на соработката во образованието и културата, за да може комуникацијата меѓу граѓаните да биде полесна и побрза, порача Туск.

Претседателот на Европскиот совет со австрискиот канцелар разговарал и за претстојниот самит на лидерите на ЕУ, на кој во прв план ќе биде следниот повеќегодишен буџет на ЕУ, кој ќе се заснова на приоритетите на  ЕУ во следната декада. 

Туск најави дека, покрај безбедноста и одбраната, дигиталната технологија и образованието, меѓу приоритетите на ЕУ во следната декада ќе биде стопирањето на илегалната миграција во ЕУ. Токму за ова претседателот на Европскиот совет ја гледа значајната улога на државите од Западен Балкан. 

Според него, Самитот меѓу ЕУ и Западен Балкан во Софија ќе биде значаен за јакнење на соработката во областите на заедничкиот интерес, вклучувајќи ја и безбедноста и миграцијата, бидејќи, како што рече, учеството на Западен Балкан, „како вековен чувар на европските граници во стопирањето на мигрантскиот бран во Европа во 2015 година, беше значајно“.

 

 

 

13.02.2018 - 21:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа