ВИДЕО: Голем пожар над скопско Кондово - граѓаните во паника

Голем пожар вечерва го зафати пределот над скопското село Кондово. Според она што може да се види од скопската обиколница зафатена е поголема површина ниска шума. Огнот се приближува кон првите куќи. Дел од жителите ги напуштаат домовите.

Огромната огнена стихија избега од контрола поради силниот ветар и го зафати прсторот помеѓу скопско Кондово и влезот во скопје кај Ѓорче Петров.  Огнената стихија е на само десетина метри од куќите и луѓето се самоорганизираат да се справат со пожарот.

На социјалните мрежи се шпекулира дека има и повредени лица, бидејќи на лице место можат да се забележат и екипи на брзата помош

 

 

 

12.08.2017 - 23:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа