Видео: Големо невреме ја зафати Хрватска - наврна 30 сантиметри снег и предизвика неред во сообраќајот

Снег во средиштето на полуостровот Истра во Хрватска врнел цела вечер, па на некои места поради силниот интензитет го парализирал и сообраќајот, а се создала и снежна покривка подебела од 15 сантиметри, известуваат тамошните медиуми.

а некои делови од полуостровот снемало и електрична енергија.

Поради прилично голема количина и до 25 сантиметри, на улиците на подрачјето на Град Пазин, вчера биле прогласени зимски услови кои остануваат на сила се додека не биде потврдено спротивното.

Поради тоа, напоменато било возачите да не излегуваат на улиците доколку тоа не е потребно.

Снегот и понатаму не престанува да вее, а намалување на интензитетот се очекува во текот на ноќта. Во моментов како што наведуваат медиумите, екипите се на терен, ги чистат улиците и ги посипуваат со сол.

 

 

 

13.02.2018 - 08:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа