ВИДЕО: Стравично невреме во Полска - стебло од дрво усмрти две деца

Повредени се вкупно 28 лица, а без струја останале околу половина милион домаќинства и претприемништва.

Деца на возраст од 13 и 14 години биле усмртени од стебло кое паднало врз нивните шатори, а уште 20 деца се повредени во олуја која го погоди кампот Сужек на северот од земјата.

Вакво невреме дивее низ цела средна Европа од почетокот на неделава, а во Полска трагичната ноќ одведе многу животи. Жителите велат дека не паметат вакво невреме.

Во Сушак дрво се срушило над шатори на извидници при што загинале 2 лица, а има и многу повредени. Исто така, маж загинал кога во Конажина ветер соборил дрво врз неговиот шатор.

Погледнете го видеото:

 

 

 

12.08.2017 - 13:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа