Видео: Жестоки демонстрации во Франција - 63 лица уапсени, 9 полицајци повредени

Француската полиција привела 63 лица, а девет полицајци се повредени во протестите во градовите Нант и Монпеље поради измена во законот за работа.

За време на протестите во саботата остетени се повеќе бизнис објекти и јавни институции во Нант и Монпеље, рече францускиот министер за внатрешни работи, Жерар Коломб.

Во другите градови во Франција, протестите беа воглавно мирни и без инциденти.

Коломб ги повика демонстрантите да се воздржат за време на протестот кој е планиран за денеска. Претседателот на Франција, Емануел Макрон вечерва во телевизиско обраќање кон нацијата ќе ги појасни реформите во француската економија.

Макрон рече дека сака земјата да ја направи поконкурентна на глобално ниво, но работниците се загрижени поради губењето на заштита на работните места.

 

 

 

15.04.2018 - 12:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа