ВМРО-ДПМНЕ: Притворот за уставобранителите мора веднаш да прекине

ВМРО-ДПМНЕ денеска преку сооптение реагираа на одлуките на Апелација за продолжување на притворите:

- „Партиските инсталации во судството го рушат функционирањето на правдата и правната држава. Очигледно е дека судиите станаа партиски послушници и војници. Јасно е дека во овој момент Република Македонија е во тотален мрак, а од правната држава нема ни П. Судовите го погазија принципот на непристрасност и директно ги поткопаа темелите на македонската правна држава. Доколку судиите имаа интегритет, совест и свест ќе ги ослободеа сите неправедно притворени лица од 27-ми април, но очигледно е дека за нив е најважен политичкиот интерес, велат од партијата.

Додаваат дека вистинските виновници кои го прекршија Уставот и законите, во моментов ги водат институциите на Република Македонија. Уметниците, пратениците, полициски службеници не се терористи.

- Дурловски, Јовановски, Дамовски, Илиевски, Божиновска, Чавков и останатите приведени се жртва на политички прогон само заради нивната храброст гласно да го искажат своето несогласување со антидржавните политики на власта на Заев. Судиите кои донесоа одлука за продолжување на притворот на искрените и чесни патриоти, уставобранители, се срам за судството и владеењето на правото. Одлуката на Апелациониот суд е скандалозна и не се темели на факти и докази, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ.

ВМРО-ДПМНЕ бара веднаш овој политички монтиран случај да биде повлечен, а притворот за уставобранителите мора веднаш да прекине. Судот стана алатка за политичка инквизиција која и се случува на Република Македонија. Судот е директен учесник во раздорот и продлабочувањето на кризата кои произлегуваат од катастрофалните политики на владата на СДСМ. Наместо да се придвижуваме кон Евроатланскиот пат, СДСМ со водење на ваква срамна и самоуништувачка политика, со монтирање и фабрикување на монтирани судски кривични постапки ја оддалечува Република Македонија и нејзините граѓани од европските стандарди“.

 

 

 

14.01.2018 - 10:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа