Во Србија денеска владее молк: Глоговац ќе биде погребан покрај својот колега

Ширум цела Србија од петокот владее тага поради смртта на актерот Небојша Глоговац. Неговото омилено кафуле е затворено, а моторот кој го возел не се препознава од цвеќиња и дарови.

Тагата со семејството ја споделуваат и неговите колеги кои и понатаму се во шок од прераната загуба на еден од најбрилијантните уметници, а загубата се чувствува и во воздухот на местата кои секојдневно ги посетувал.

Последен поздрав со „српскиот Хамлет“ закажале и актерите од Југословенскиот драмски театар, каде денеска од 11 часот се одржува комеморација, а потоа, во Алеата на заслужни граѓани во Белград, покрај својот колега Милорад Мандиќ Манда, ќе биде закопан актерот Глоговац.

 

 

 

12.02.2018 - 11:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа