Вучиќ бесен по убиството на Ивановиќ: Ова е терористички акт, ние ќе ги најдеме извршителите

Убиството на лидерот на Граѓанската иницијатива „Србија, демократија, правда“ Оливер Ивановиќ, денеска Александар Вучиќ го оцени како терористички акт.

-Извршителите на овој акт ќе бидат фатени, ако не ги пронајдат оние кои мораат, ние ќе го направиме тоа, изјави српскиот претседател.

На седницата на Советот, рече Вучиќ, било договрено и испратено писмо до органите на Еулекс и Унмик со барање државните органи на Република Србија да учествуваат во истрагата која ќе се спроведе на територијата на Косово и Метохија.

-Уверени сме дека тоа ќе значи и откривање на вистината за убиството на Ивановиќ. Немам овластување во овој момент да ги пренесам сознанијата со кои располагам. Нема да шпекулирам, но има интересни детали кои укажуваат на можните извршители, рече Вучиќ.

 

 

 

16.01.2018 - 13:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа