Вучиќ: „Можам да бидам и коњ и четник за Србите во Хрватска да живеат добро“

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, рекол дека не го загрижуваат протестите во Загреб, но, сепак, се осврнал на одредени пароли што ги носеле демонстрантите на денешниот протест по повод неговата посета на Хрватска.

По состанокот со хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ, Вучиќ рекол дека нема проблем со тоа некој да остварува поени така што ќе го навредува, но истакнал дека тој не е никаков четник.

„Ги видов луѓето со пароли. Пишуваше ‘Коњу, не лажи’, ‘Четник-почетник’, ‘Барабо, врати се во Србија’, но не се потресов многу. Претседателката Грабар-Китаровиќ ми приреди добар пречек, ми рекоа дека на протестот имало стотици луѓе, тоа е нормално во демократија“, рекол Вучиќ.

Потоа додал: „Не сум никаков четник, никој во мојата фамилија не бил четник. Во војните семејството Вучиќ страдало, но не учествувало во какви било злосторства“.

„Јас дојдов да разговарам за иднината. Ќе ја замолам хрватската јавност, која што ги гледа настаните од пред 25 години на еден начин, а ние поинаку, но тоа да не биде причина да не разговараме... Немам никаков проблем да бидам коњ, четник или почетник доколку Србите во Хрватска живеат добро и се задоволни, тоа за мене е ништо. Кај нас има изрека „Падна мува на мечка““, заклучи Вучиќ.

 

 

 

12.02.2018 - 15:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа