За јавни набавки до 1000 евра нема да се распишуваат тендери

Илјада евра ќе биде лимитот за јавни набавки без тендер, објави Сител. Со новиот закон лимитот се зголемува на 2000 евра за секторските дејности. 

Сомнителните тендери ќе бидат детектирани од електронскиот систем на Бирото за јавни набавки, вели деректорот Георгиевски.

- Со тоа ќе се олеснат малите набавки, ги олеснуваме прашањата на многу училишта и градинки, бидејќи имаат дефицит на кадар што работи во јавните набавки. Со зголемување на прагот на јавни набавки пак сме со најмал праг во регионот, односно немаме висок праг за да има опасност од зголемена корупција“, истакна Георгиевски.

Бизнис заедницата очекува подобрување на системот за јавни набавки. Од денеска ќе ги доставуваат забелешките и предлозите до Министерството за финансии. Задоволни се што најниската цена нема да биде главен критериум во иднина.

Новиот Закон за јавни набавки треба да стартува со примената од први јануари следната година. Надлежните очекуваат Собранието да го усвои најдоцна до октомври.

 

 

 

14.02.2018 - 20:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа