За месец дена дизелот стана поскап за над 10%

За само две недели дизелот во Македонија стана поскап за скоро 10%. 
Последното поскапување од половина денар заедно со повисоката акциза која почна да се наплаќа од почетокот на годинава, дизелот се доближува до границата од 60 денари за литар. 
За да ја помине му треба уште половина денар поскапување.
Во споредба со цените од минатата година, од 25 декември до денеска, поскапувањето е за 4 денари по литар а во однос на цената од пред еден месец, дизелот е поскап за 5 денари за еден литар, што е над границата од 10% поскапување.
За разлика од дизелот, цената на останатите нафтени деривати е стабилна со оглед на тоа дека акцизата за нив не порасна. Така 95 октанскиот бензин има иста цена како пред месец дена, додека 98 октанскиот е поскап за 1,5 денари по литар.
Сепак, она што движи голем број бизниси е дизелот. Меѓу нив и транспортниот. Приватните превозници веќе ги покачиле цените за меѓуградскиот превоз.

 

 

 

10.01.2018 - 10:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа