24Сата: Македонскиот пивот е граден како трокрилен ормар

 

Македонскиот пивот Стојанче Стоилов е граден како трокрилен ормар и тешко е да се собори без фаул, се вели во коментарот на хрватскиот портал „24 сата“ за играта на нашиот пивот нa вчерашниот меч со Словенија.

-Кога би знаел да говори, што мислите, што денеска би кажал грбот на Стојанче Стоилов? На него синоќа ја издржа половина Словенија! Гледањето на ќотекот кој го доби од Благотиншек (Благи- каков парадокс за еден надимак), Жабиќ, Шухолезник, Мачковшек, во исто време беше и мачно и спектакуларно. Црвен во лицето како устата да му е полна со лути пиперчиња, со носот кој му допираше колена, сепак кога ќе се повлече цртата- остана на нозе, напиша спортскиот новинар Жика Богдановиќ во својата колумна.

 

 

 

14.01.2018 - 14:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа