Албански рибари „уловија“ мина тешка 600 кг од Втората светска војна

 

Албански рибари  кај островот Сазан,во близина на  Валона „уловиле“ воена мина останата од Втората светска војна, тешка околу 600 килограми.

Мината била во водите на Јонско Море на длабочина од 160 метри и на оддалеченост од околу 14 милји од островот Сазан.

Рибарите ја информирале албанската полиција, која потоа мината ја траспортирала кај воената база „Трипорт“ во близина на Зврлец.

Според информациите, специјализирани сили на албанската армија ќе извршат понатамошни испитувања врз застарената експлозивна направа,за која рибарите велат дека најверојатно не била експлодирана.

Инаку, островот Сазан, во чија близина била пронајдена бомбата, во минатото на комунистичка Албанија се користел како една од главните воени бази во земјата. 

 

 

 

12.01.2018 - 22:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа