Англичанец по шокот во Белград: И да умрам, ќе умрам среќен – ја видов „Маракана“

Англискиот великан Ливерпул, актуелниот европски вицепрвак загуби неочекувано и сензационално од белградска Црвена Звезда со 0-2 во четвртата рунда во ЛШ синоќа, па нормално после таков пораз разочарувањето кај навивачите на „црвените“ да биде големо. Верувале или не,  еден англиски навивач на Ливерпул кој од „Маракана“ си заминал – пресреќен поради неверојатната атмосфера на стадионот. 

„И утре да умрам, ќе умрам среќен што дојдов во Белград и гледав меч на 'Маракана'. Најдобар стадион и најдобра атмосфера која воопшто сум ја видел и тоа – убедливо“, напишал Чарлс Даксбер.

 
 

 

 

07.11.2018 - 10:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега