Бејли: САД се заинтересирани да се реши името,Влада: Посетата на Коѕијас следната недела е важен чекор

 

Одлуката за името треба да ја донесат  заедно Македонија и Грција, а САД ке го прифатат секое решение кое ке произлезе од преговарачкиот процес, порача денеска американскиот амбасадор Џес Бејли, објави Сител.

Кога еднаш  овој проблем ке се реши двете земји но и целиот регион ке можат да тргнат понатаму, истакна амбасадорот.

Во меѓувреме, преговарачкиот процес тече, а наскоро се очекува  во Македонија да пристигне и и Косиас , кој треба да ја донесе   грчката верзија на нацрт догворот  за решавање на проблемот со името.

Од Владата на оваа  посета гледаат позитивно , иако е уште не е познато што се има во документот кој грчкиот министер ќе и го престави  на македонската страна.

Грчкиот весник Та НЕА вчера објави дека Козиас во Скопје ке пристигне на 22 март и дека во фокусот на посетата ке биде  грчкото барање за промена на уставот.

 

 

 

14.03.2018 - 19:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа