Цената на нафтата драстично се зголеми

 

Нафтата вчера поскапе откако изнандувачки падна залихата во САД кои помагаа да се зачува нормалната цена на тој енергент.

Цената на нафтата порасна за дури 1,0 отсто во Њујорк, пренесува агенцијата „Блумеранг“.

Амерканската „лесна“ нафта WTI за испорака во мај скокнала за 69 центи на 67,21 долар по барел на Њујоршката пазарна берза, а во Лондон се тргувала во 11:05 часот за 67,11 долари. Вкупниот обем на тргување бил околу 14 проценти по 100 дневниот просек.

Последен пат кога нафтата „брент“ достигна ниво од 74 долари за барел беше на 27 ноември, 2014 година, објави руската новинска агенција ТАСС.

Покрај растот на цената на нафтата, курсот на рубљата останува низок во однос на глобалните валути – утрово во 11 часот по локално московско време курсот на рубљата на Московската берза изнесуваше 60,99 рубљи за 1 долар, што е за 0,23% повеќе во споредба со курсот на затворање вчера.

Курсот на рубљата во однос на еврото изнесуваше 75,52 рубљи за 1 евро, што е за 0,32% повеќе во споредба со претходниот ден.

 

 

 

20.04.2018 - 16:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега