Денеска топло, но нестабилно- попладне невреме, а од петок нова промена

 

 

Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со обилен пороен дожд, електрични празнења и услови за изолирана појава на град. УВ=7

Утринската температура ќе се движи од 10 до 15, а дневната највисока температура на воздухот ќе се движи во интервалот од  22 до 29 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветерод југоисточен правец. Температурата ќе се движи од 14 / 27 степени.

И во четврток ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со обилни врнежи од дожд.

Потоа од петок ќе биде претежно стабилно и потопло, во попладневните часови со ретка појава на краткотраен дожд. 

 

 

 

23.05.2018 - 07:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа