Детално ќе биде прегледан - Трамп падна во рацете на лекарите

 

Претседателот на САД, Доналд Трамп пристигна на првиот систематски преглед откако ја зазема позицијата претседател на Америка.

Колона возила кои го придружуваа претседателот пристигна во Мериленд, каде што тој ќе биде прегледан, пренесува АП.

Како што наведува агенцијата, поради староста на Трамп, кој има 71 година, дошло до пренагласено интересирање за негов преглед.

Покрај тоа, по објавата неодамна во книгата „Оган и бес: Внатрешноста на Белата куќа на Трамп",на авторот Мајкл Волф, поединци ги изнесоа своите тврдења дека Трамп не е дораснат за позицијата претседател.

Прегледот треба да трае неколку часа, а докторите ќе го испитаат крвниот притисок на претседателот, холестеролот и работата на срцето.

 

 

 

12.01.2018 - 23:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа