Димитров: Македонија и Грција ќе формираат работни групи за името, предводени од министрите

 

Македонија и Грција се согласија да формираат работни групи, предводени од министрите за надворешни работи и кои ќе водат разговори за решавање на 25-годишниот спор за името, изјавил министерот за надворешни работи, Никола Димитров во интервју за Ројтерс.

„Убедени сме дека постои волја од двете страни страни за напредок“, вели Димитров.

Никола Димиторв вчера се сретна со неговиот грчки колега Никос Коѕијас во Солун, каде имаа добар разговор фокусиран на унапредувањето на билатералните односи и соработката во поширок контекст, поврзано со тековните Мерки за градење доверба.

„Имаме голема одговорност. Но, јасно е дека идентитетот е важен за нас. Мора да најдеме начин да ги убедиме нашите грчки колеги дека има јасна дистинкција меѓу нашата земја и регионот во северна Грција“, изјавил Димитров, објаснувајќи дека Македонија е свесна за грижите што може да ги има соседната земја.

 

 

 

12.01.2018 - 17:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа